Ѓорѓиев: Натпреварот со Италија ќе биде круна на нашите кариери, да уживаме во овој историски момент
Најдобриот македонски одбојкар и капитен Никола Ѓорѓиев по вечерашниот пораз од Чешка порача дека нема зошто да бидеме разочарани, а натпреварот со Италија во осминафиналето со нетрпение го очекува.
Препорачано
На нашиот само трет настап на Европските првенства успеавме да се пласираме во топ 16 и тоа според Ѓорѓиев е круна на оваа златна генерација за македонската одбојка.
„Од ова Европско првенство ќе го извлечеме најдоброто, успеавме да ја вивнеме Македонија помеѓу најдобритњ 16 и тоа многу ќе ни донесе за следните квалификации, исто така ќе играме и Златна лига, зошто да не и СП 2027. Натпреварот против Италија ќе биде круна на нашите кариера, играме против светски и европски шампиони. Ние ќе го дадеме најдоброто од себе, баш тоа македонското од нас.
Дефинитивно ќе играме со милион отсто од силите, зошто да не сонуваме и победа? Јас сум борец, моите соиграчи исто така, не се предаваме, ќе излеземе и ќе се удриме гради во гради. Ќе видиме колку тоа ќе биде доволно, но наше ќе бидеме и да уживаме во овој момент, го живееме сонот“, изјави Ѓорѓиев.
Со натпреварот денес завршија и настапите на одбојкарите пред нашата публика, против Италија ќе играме во Бари.
ФОТОГАЛЕРИЈА | Уште еден пораз кој не боли, Чешка не испрати на осминафинале со светските шампиони


