Ѓоргиев прогласен за најдобар играч, АЦХ Љубљана го освои одбојкарскиот Куп на Словенија

фото: kolektiff/odbojka.si

Во финалето на одбојкарскиот Куп на Словенија составот на АЦХ Волеј Љубљана со резултат 3:2 во сетови го совлада Калцит Камник.

Првиот сет го освои Калцит Камник со 26:24, а во следните два подобра беше Љубљана со 25:22 и 25:23.

Возврати Калцит Камник за израмнување во сетови (25:22), а во решавачкиот петти сет АЦХ Љубљана славеше со 15:10.

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев беше најзаслужен во победата со 27 поени (23 напад, 2 ас, 2 блок).

Ѓоргиев, капитенот на АЦХ Волеј Љубљана, беше прогласен за најдобар играч во куп финалето на Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот