Фото: vfmkd.org.mk

Ѓоргиев и Карловарско ќе играат во финалето на плејофот на чешката Екстралига

Капитенот на машката сениорска одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев и неговиот Карловарско ќе играат во финалето на плејофот во чешката Екстралига.

Полуфиналната серија екипата на коректорот ја затвори експресно, со три победи над Дукла Либерец.

Тимот од Карлови Вари кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место немаше посериозни проблеми во дуелите со Либерец и се радуваше со 3:1, односно 3:0 и 3:0 во трите натпревари.

Ѓорѓиев на првиот меч запиша 17 поени и беше најдобар поентер, додека во вториот меч беше стартер, но одигра само еден сет и реализираше еден ас сервис. Во третиот натпревар коректорот беше во состав, но одмараше.

Македонскиот репрезентативец и Карловарско во финалето го чекаат подобриот од полуфиналната двојка Чешке Будејовице и Прага, каде во моментов е 1:1 во победи и серијата уште трае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот