Ѓоковиќ ја почна 360. недела на врвот на АТП ранг-листата

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 360. недела во која го носи епитетот најдобар тенисер на светот. Ѓоковиќ останува на првото место на АТП ранг-листата, но со помала разлика, српскиот тенисер сега има 10.875 поени, додека второпласираниот Данил Медведев има 9.6635 бодови.

Разликата дополнително дополнително ќе се намали идниот понеделник кога на тенисерите ќе им бидат тргнати бодовите освоени на Австралија Опен минатата година. Ѓоковиќ ќе остане без 2000 поени, додека Медведев ќе биде покус за 1200 поени по што разликата меѓу нив ќе се намали на 440 бодови.

На третото место се наоѓа Александер Зверев, четврти е Стефанос Циципас, а петти е шампионот на Австралија Опен, Рафаел Надал.

Немаше промени ниту од шестото до десеттото место, Матео Беретини се шести, а зад него се наоѓаат Андреј Рубљов, Каспер Руд, Феликс Оже-Алиасим и Јаник Синер.

Кај дамите, нема промени меѓу првите пет тенисерки на ВТА ранг-листата. Ешли Барти е прва, а зад неа следат Арина Сабаленка, Барбора Крејчикова, Каролина Плишкова и Паула Бадоса.

Најголем скок има Анет Контавеит која напредуваше за три позиции и сега е шеста тенисерка на светот, Гарбине Мугуруза е седма, Марија Сакари е осма, Ига Швјонтек е деветта, а Онс Жабер е десетта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот