12.8 C
Скопје

Гитаристот на „Måneskin“ во одбрана на фронтменот: Дамиано едвај може да испие чаша пиво

Годинешното Евровизиско шоу ќе остане запаметено по добрата забава, уникатни песни и изведби, но и по бројните скандали. И самата победа на италијанскиот бенд „Måneskin“ беше засенета од бројните ексцеси во духот на рокенролот, но една сцена за време на вклучувањето во живо од арената „Ahoy“ додека траеше соопштувањето на гласовите, крена најмногу прашина…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Во интервју за британски „Гардијан“ членовите на бендот зборуваа за нивната кариера, музика, голема победа во ова европско натпреварување, но и обвинувања дека Дамиано, фронтменот на групата, користел кокаин за време на финалната вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

„Настапивме прилично добро и на луѓето им требаше нешто да се обидат да не дискредитираат. Да не бевме толку добри, никој немаше да се грижи“, изјавила басистката Викторија де Анџелис за „Гардијан“.

По враќањето од Холандија, Дамиано направил тест за дрога, кој покажал негативен резултат. Тогаш наводните шекилации за користење на кокаин за време на финалната вечер од страна фронтменот на бендот завршија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)


„Дамиано едвај може да испие чаша пиво! Тој не се дрогира“, додал гитаристот во одбрана на Дамиано.

Бендот во моментов има два од десетте најпродавани синглови во Велика Британија. Ова е огромен успех за младиот рок состав, според „Гардијан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)


„Никогаш не сме настапиле никаде со предрасуди. Многумина дури би рекле дека „Х Фактор“ или „Санремо“ не се натпревари каде треба да се појави рок-група, но, ние се појавивме и успеавме, исто беше и со Евровизија“, истакнал Дамиано за споменатите медиуми.

Поврзани вести

Марина Туцаковиќ за болеста и што најмногу ја боли: Порано ми се јавуваа, сега…

Слободен печат

ЧУДЕСНИ ЖЕНИ | „Бев како брод загубен во густа магла“: Животната приказна на неповторливата Хелен Келер

Ј.К.Д.

ФОТО | Тој има 23, таа 60 години, а луѓето ѝ порачуваат: Засрами се од тоа збрчкано лице

Слободен печат

ФОТО: Кошаркарите и нивните жени за кои висината е само број

Слободен Печат

Љубовниот јазик на партнерот: Четири работи што мора да ги знаете за да опстане врската

Слободен печат

Зошто не треба да спиете голи кога се големи горештини

Слободен печат

Остави Коментар