Гитарата на Курт Кобејн продадена на аукција за 1,5 милиони долари

Фото: NDZ / StarMax / Profimedia

Гитарата на пејачот на „Нирвана“, Курт Кобејн, во петокот беше продадена на аукција во САД за повеќе од 1,5 милиони долари.

Иконската сина електрична гитара Skystang I Fender Mustang, на која Кобејн свиреше за време на неговата последна турнеја, беше продадена за нешто повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) на аукција во Нешвил.

Фото: NDZ / StarMax / Profimedia

Искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната „Heart-Shaped Box“ и на доделувањето на МТВ видео музичките награди (MTV Video Music Awards) чинат повеќе од 400.000 долари,а биле проценети од 10.000 до 20.000 долари.

Фото: Nancy Kaszerman / Zuma Press / Profimedia

Аукцијата беше дел од тридневната аукција „Свирени, носени и искинати: Рокенрол иконски гитари и сувенири“, на која беа прикажани повеќе од илјада предмети од музичките великани како Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли, Принс, „Битлси“ и Френк Запа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот