Георгиевски за олимписка виза ќе се бори во Софија

Фото: facebook.com/Македонска-Tаеквондо-Федерација

После освоеното сребро на Европското првенство во таеквондо, денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски имаше средба со Дејан Георгиевски.

Мојсовски го претстави европскиот вицешампион и му честиташе за остварениот пласман, а им се заблагодари и на челниците на Националната федерација за успешно остварените цели и сите досегашни резултати

– Нашите очекувања се со сигурност ваша крајна цел, а тоа е остварување на олимписка норма за Токио. Остварувањата се резултат на макотрпна работа не само на спортистите, туку и на целокупниот стручен штаб на чело со федерацијата, кои со своите успеси докажуваат дека поддршката е на вистинска адреса – изјави Мојсовски.

Претседателот на Таеквондо федерацијата и тренер, Борче Костовски се заблагодари за честитките од АМС и изрази надеж за добра соработка со новиот директор.

– Само бод ме делеше од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ, кои се закажани за Мај 2021 во Софија ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио – рече Георгиевски.

Нуров е првиот Македонец со олимписка норма за Токио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот