Франција заплени руски танкер од „флотата во сенка“ во Атлантикот
Француската морнарица вчера се качила на нафтен танкер по име „Тагор“, кој бил под меѓународни санкции и пловел од Русија, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Икс“.
Препорачано
„Оваа операција се одржа во Атлантскиот Океан, на отворено море, со поддршка од неколку партнери, меѓу кои и од Обединетото Кралство, со строго почитување на поморското право. Неприфатливо е бродови да ги заобиколуваат меѓународните санкции, да го прекршуваат поморското право и да ја финансираат војната што Русија ја води против Украина повеќе од четири години“, рече тој.
Поморската префектура за Атлантикот во посебно соопштение денеска наведе дека француската морнарица интервенирала на нафтен танкер на повеќе од 400 наутички милји, односно 740 километри, западно од врвот на Бретања. Бродот доаѓал од Мурманск, Русија.
„Операцијата имаше цел да ја провери националноста на брод за кој постоело сомневање дека плови под лажно знаме. Откако инспекцискиот тим се качи на бродот, прегледот на документите ги потврди сомнежите за неправилност во врска со истакнатото знаме. Во согласност со меѓународното право и на барање на јавниот обвинител, бродот беше пренасочен“, се додава во соопштението.
Франција го пушти „на слобода“ рускиот танкер – компанијата треба да плати солена казна
Префектурата не го именуваше бродот.
Франција и Велика Британија ветија дека ќе ги попречуваат бродовите поврзани со санкционираната руска „флота во сенка“ што минуваат низ нивните води. Британскиот премиер Кир Стармер во март објави дека дал дозвола британската војска да се качува на бродови што ѝ припаѓаат на „флотата во сенка“.
Сепак, податоците за поморскиот сообраќај покажуваат дека десетици санкционирани бродови поврзани со Русија и натаму минуваат низ британските води.
ВИДЕО | Натоварен руски танкер плови во Средоземното Море – бродот е опасен


