ВИДЕО | Натоварен руски танкер плови во Средоземното Море – бродот е опасен
Според извештаи, бродот моментално се наоѓа во водите спроти Источна Либија, област која е под контрола на Либиската национална армија. Локалните власти сега се соочуваат со ситуација во која пловилото е во сè полоша состојба.
Руски танкер натоварен со природен гас и со дизел гориво плови неконтролирано во Средоземното Море, без екипаж на бродот и целосно надвор од контрола, објави „Јурејжа дејли“.
Препорачано
Вториот обид за спасување на „Арктик метагаз“ во Либија засега не дал резултат, а бродот долг 277 метри, кој бил оштетен по наводен напад со украински дронови, повеќе од месец и половина неконтролирано плови во Средоземното Море.
Според извештаи, бродот моментално се наоѓа во водите спроти Источна Либија, област која е под контрола на Либиската национална армија на фелдмаршалот Калифа Хафтар. Локалните власти сега се соочуваат со ситуација во која пловилото е во сè полоша состојба и постои ризик да се распадне.
Сателитските податоци потврдуваат дека бродот продолжува да лебди без контрола, додека влечниот брод „Маридајв 701“ останува во близина и ја следи ситуацијата. Лошите временски услови и силниот ветар засега го оневозможуваат влечењето на бродот кон безбедна локација.
Од почетокот на инцидентот, бродот поминал над 600 наутички милји, откако првично бил оштетен во близина на Малта. Подоцна бил носен кон просторот меѓу Малта и Лампедуза, а потоа и кон либискиот брег, каде што првиот обид за негово преземање од страна на привремени либиски власти не успеал. Потоа струите и ветерот повторно го однеле кон исток, во близина на Бенгази.
Во текот на последната недела била извршена визуелна проверка која покажала сериозни структурни оштетувања на трупот, вклучително и пукнатини и продор на вода во делови од бродот. Водата навлегла во резервоарите за гас и машинската просторија, што предизвикува дополнителна нестабилност.
Иако дел од резервоарите останале недопрени, системите за ладење се исклучени, па се испушта гас, што ја прави ситуацијата потенцијално „експлозивна“. Експерти предупредуваат дека дури и мала искра може да предизвика нова експлозија.
Според морски аналитичари, обидите за спасување се отежнати поради бурните временски услови и ризикот од дополнителна штета. Во меѓувреме, бродот се движи сè поблиску до прометни поморски рути, што дополнително ја зголемува опасноста.
Медиумските извештаи дополнително наведуваат дека пловилото е под санкции и превезувало течен природен гас од арктички проект кон Кина, а по инцидентот, дел од слични бродови почнале да избегнуваат пловидба низ Медитеранот.
Иран заплени два брода, но добро ги третира морнарите – меѓу екипажот има и Балканци


