ФОТО+ВИДЕО: Свечено се отвораат најчудните Олимписки игри во историјата
Летните олимписки игри свечено се отвораат во Токио (Јапонија), никогаш почудни. Игри ќе се одржуваат без гледачи и во време кога оваа азиска земја секојдневно бележи рекорден број на новозаразени од ковид-19.
Препорачано
Како што е веќе најавено на свеченото отворање присуствуваат 950 ВИП гости, а спортистите од сите земји, помеѓу кои и Македонија ќе се натпреваруваат пред празни трибини.
Иако денеска е отворањето, некои дисциплини веќе започнаа, а поставен и е првиот светски рекорд.









Во продолжение уште неколку интересени факти, Монако е државата со најмногу учества на Олимписките игри (20), а најмалку златни медали – ниту еден.
Бангладеш со 149,722,364 милиони жители (според пописот од 2011 година), најнаселената држава која никогаш не освоила медал на Олимписки игри.
Науру со 11,500 илјади жители е најмалата земја учесник на Олимписките игри. Досега на шест Игри оваа земја учествувала со 13 натпреварувачи.
ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село


