Изабел Гулар пред и по трансформацијата / Фото: IPA, Independent Photo Agency Srl / Alamy / Profimedia Doreen Kennedy / Alamy / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | „Што ѝ се случило со лицето?!“: Ангелот на „Викторијас сикрет“ го претстави бизарниот нов изглед во Кан

Филмскиот фестивал во Кан годинава е домаќин на бројни ѕвезди – како од светот на филмот, така и од модната индустрија. Веќе имавме можност да видиме некои големи имиња, како што се: Хајди Клум, Барбара Палвин, Бела Хадид, Ирина Шајк, Адријана Лима, а бразилската убавица Изабел Гулар (41) исто така ја искористи својата можност да блесне на црвениот тепих.

Изабел Гулар на Филмскиот фестивал во Кан/Фото: Doreen Kennedy / Alamy / Profimedia

Бразилскиот супермодел се појави на премиерата на филмот „Фјорд“ во придружба на својот партнер Кевин Трап. Нивното заедничко појавување падна во втор план, бидејќи вниманието на јавноста беше насочено кон славната убавица Изабел, односно на нејзиниот нов бизарен изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

Нејзиниот изглед веднаш предизвика лавина од коментари, а многу корисници на социјалните мрежи почнаа да шпекулираат дека таа се подложила на естетски зафати, односно на затегнување на лицето (facelifting).

„Збунет сум! Што се случило со нејзиното лице? Зошто изгледа толку различно? Како да не е таа“, „Непрепознатлива“, „Дали е ова навистина Изабел Гуларт?“, „Нејзините веѓи и очи се толку кренати!“, „Нејзиното лице изгледа помладо, поинаква е. Сè уште е убава, но го изгубила својот идентитет“, се само дел од коментарите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)

На социјалната мрежа Икс, корисниците масовно споделуваат постари фотографии од неа и ги споредуваат со новите од Кан за да ги истакнат разликите. Споредбите вклучуваа и фотографии од 2024 година, со тврдења дека нејзиното лице се променило за релативно краток временски период.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izabel Goulart (@izabelgoulart)


Гулар своевремено зборуваше за списанието „Грација“ за сопствениот концепт за убавина.

„Убавината доаѓа однатре. Сакам да ги охрабрам жените да направат сѐ што сакаат за да се чувствуваат убаво и самоуверено“, рекла тогаш Изабел.

Својата кариера како манекенка ја започна како тинејџерка, а меѓународна слава ја стекна со соработка со брендот „Викторијас сикрет“, каде што стана еден од најпрепознатливите ангели. Освен на модните писти, таа се појави во бројни рекламни кампањи, списанија и модни едиторијали низ целиот свет.

Изабел Гулар на Филмскиот фестивал во Венеција во 2024 година/Фото: IPA, Independent Photo Agency Srl / Alamy / Profimedia

Изабел Гулар пораснала во предградието на Сао Паоло, Бразил, со четири браќа и сестри. Кога имала 14 години била во шопинг со својата мајка, а фризерката и предложила да се впушти во манекенските води. Таа се преселила во Сао Паоло за да ја започне кариерата, а патот ја однел во далечната Франција. На 16 години се вратила во Бразил и потпишала за агенцијата „Саксес“.

Изабел Гулар на Филмскиот фестивал во Кан во 2025 година/Фото: Wikimedia Commons

Ги носеше ревиите на престижните брендови како „Живанши“, „Оскар де ла Рента“, „Шанел“, Ралф Лорен, „Долче и Габана“ и Стела Макартни. Гуларт ги красеше и насловните страници на бројни светски списанија, а со години беше ангелот на „Викторијас сикрет“. Бројни списанија ја прогласија за една од најубавите жени на светот.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Отворен филмскиот фестивал во Венеција: Разголени, гламурозни и елегантни на црвениот тепих

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ гласи за жена со најубавите нозе на светот: Тренингот го сфаќам професионално како и работата! (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот