Сара Џесика Паркер и кралицата Камила / Фото: Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Сара Џесика Паркер се дружеше со кралицата Камила во Њујоршката библиотека

По посетата на меморијалниот центар за жртвите од 11 септември во Њујорк, британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила го продолжија својот протокол одвоено, а токму љубовта кон книгата ја однесе кралицата во Њујоршката јавна библиотека.

Таму ѝ се придружи актерката Сара Џесика Паркер, позната како голем љубител на литературата и една од најпрепознатливите лица на Њујорк. Средбата помина во знакот на книжевноста, но и на стилот, со оглед на тоа што Паркер уште еднаш покажа зошто важи за модна икона.

Актерката избра бел миди фустан со точки, украсен со копчиња, кој го искомбинира со нежно розев капут со суптилен принт. Нејзиниот избор на обувки беше поразигран – впечатливи розеви потпетици со црни детали, кои внесоа доза на личен печат во целокупниот изглед.

Сара Џесика Паркер и кралицата Камила / Фото: POOL / Getty images / Profimedia

Стајлингот го заокружи со елегантно бисерно ланче, додека шминката ѝ беше природна и свежа, а косата пуштена во лесни кадрици.

Од друга страна, кралицата Камила се одлучи за темносин фустан од свила, изработен по мерка, со соодветен капут до колена. Својот изглед го надополни со историски брош и класични кожени чевли.

„Секогаш кога се става фокус на читањето и на односот меѓу читателот и книгата – тоа менува животи, создава емпатија и љубопитност. За Нејзиното Височество, тоа има големо значење“, изјави Паркер пред медиумите.

Кралицата Камила и Сара Џесика Паркер / Фото: POOL / Getty images / Profimedia

Актерката ја водеше кралицата низ библиотеката, каде што таа се сретна со значајни имиња од книжевниот свет и издаваштвото, меѓу кои и Ана Винтур.

Ова беше прва кралска посета на библиотеката од нејзиното основање, а настанот беше дел од пошироката државна посета на британското кралско семејство во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот