ФОТО+ВИДЕО | Прва тужба против Алек Болдвин: Го тужи пријателот на Халина Хачинс кој ја држел додека умирала

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Против актерот Алек Болдвин е поднесена тужба, според странските медиуми, и тоа заради несовесно однесување на снимањето на една сцена за филмот „Рѓа“. Еден од членовите на споменатиот филм минатиот месец бил сведок на морничавиот скандал кога Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс.

Серж Светној, по професија електричар, бил на снимањето на филмот во Ново Мексико, јавуваат странските медиуми. Серж ги обвини продуцентите и другите членови на филмската екипа, вклучувајќи го и актерот Алек Болдвин дека не ги примениле безбедносните стандарди и дека дозволиле пиштол наполнет со куршуми да биде вперен во живи луѓе на сетот на филмот. А, тоа доведе до фаталната ситуација која го одзеде животот на убавата Халина.

Серж Светној бил внатре во црковниот сет кога Хачинс била застрелана од Болдвин, стоејќи на само неколку метри од актерот. Тој опишал дека бил погоден со фрагменти од куршуми пред да ја држи снимателката која умирала, а која ја познавал неколку години, повеќе од 20 минути пред да пристигне брзата помош, пишува „News.sky“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tus News 247 (@tusnews247)

Тужбата на Серж Светној е прва поднесена во случајот со ненамерно смртоносно пукање што се случи кон крајот на октомври од страна на Болдвин. Она што е познато е дека истрагата се уште е во тек, што го потврдија и властите во Санта Фе во Ново Мексико, но она што ги изненади сите е што досега не е покрената ниту една тужба за инцидентот што се случи за време на снимањето на сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serge Svetnoy (@serge.svetnoy)

Адвокатите на Болдвин и на продуцентската куќа не одговориле веднаш на барањето да ја коментираат тужбата поднесена од електричарот Серж Светној, пренесува Ројтерс.

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот