ФОТО+ВИДЕО | „Најубавиот европски град каде што никој не оди“: Има 12 реки, 21 остров и стотици скулптури со џуџиња

Фото: Pexels/ Tove Liu

Патувањата со патописецот Роберт Дачешин се секогаш живописни, полни со корисни информации и забавни искуства, а овој пат решил да ги доближи своите следбеници во „најубавиот европски град каде што никој не оди“, пишува „Пун куфер“. 

Роберт вели дека и покрај тоа што посетил многу европски градови, Вроцлав за него е дефинитивно еден од најубавите. Вроцлав, кој е третиот по големина град во Полска, можеби е неправедно запоставен и често се провлекува под радарот на туристите.

Фото: Pexels/ Kostiantyn Klymovets

„Ако сакате да патувате, претпоставувам дека имате одредени дестинации за патување кои се на врвот на вашата листа. Ако ме прашате, меѓу дестинациите на кои сè уште не сум бил и кои би сакал да ги посетам се Перу, Филипините и Јужна Африка и некои други дестинации“, започна Роберт.

Но, има и шарм во непознатото, па тој во своето видео открива што толку многу го привлекло во овој град.

„Она што искрено најмногу го сакам е кога без некој посебен план и спој на некои животни околности ќе завршам на место за кое не знам многу, а кое подоцна ќе испадне едно од најубавите места што некогаш ќе го видите. Токму тоа ми се случи во Вроцлав“, раскажува тој.

Фото: Wikimedia commons

Стариот град е еден од најубавите во Европа, а Роберт ги води своите следбеници на јутјуб каналот, од прекрасната зграда на Собранието со необичен часовник, до катедралата од која се нуди прекрасен поглед на градот.

Додека шетате низ градот, можете да видите и стотици необични жители – скулптури на џуџиња кои ве потсетуваат на некои минати времиња.

Фото: Pexels/ Tetyana Kovyrina

Во една пригода новинарот Аркадиуш Фостер изјавил дека скулптурите на џуџињата ги расположувале жителите, во тешките времиња, а тоа било и целата идеја: да се покаже апсурдноста на ситуацијата и да се охрабрат луѓето да престанат да се плашат.

Инаку, Вроцлав има дури 12 реки, 21 остров и повеќе од 300 мостови, а поради пријатната клима и пријателските цени, тој е еден од омилените градови за живеење во Полска, ако не и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот