ФОТО+ВИДЕО | Мадона се појави без шминка: Ги криеше лицето и дланките

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Мадона пристигна на аеродромот во Њујорк во вторникот, заедно со нејзиниот телохранител за да фати летот за Лондон, само 10 дена пред да ја започне својата концертна турнеја со 78 закажани датуми. Таа во Лондон ќе настапи на веќе распродадениот концерт во „О2“ Арената.

Кралицата на попот го заштити своето лице без шминка под очила за сонце Баленсиага, а беше облечена со широк светло портокалов блузон, црни панталони, тренерки во иста боја и соодветни патики за седумчасовниот лет, пишува „Дејли меил“.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Седумкратната добитничка на Греми – која има 39 милиони прегледи месечно на „Спотифај“ (Spotify) – го држеше американскиот пасош додека трпеливо чекаше на безбедносната линија со својата придружба.

Мадона, која беше хоспитализирана на 24 јуни поради „сериозна бактериска инфекција“ – ја изнајмила целата „АО“ Арена во Манчестер за „интензивни технички и генерални проби“ пред почетокот на турнејата, пишува „Д Сан“ (The ​​Sun).

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот