ФОТО+ВИДЕО | Кралското семејство објави божиќна честитка: Овој пат наследниците во преден план на црно-бела фотографија
На инстаграм-профилот на принцезата и принцот од Велс осамна овогодинешната божиќна честитка на која се наоѓаат нивните три деца.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Секоја година британското кралско семејство објавува празнични честитки во кои принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон позираат со своите деца.
Божиќната честитка оваа година ја украсиле само децата, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„На сите им посакуваме среќен Божиќ, од нашето семејство до вашето“, напишале на крајот од црно-белата фотографија.

Децата на фотографијата се облечени едноставно, во бели кошули и фармерки, односно панталони.
Кралското семејство синоќа присуствуваше на специјалната служба по повод Божиќ во Вестминстерската опатија. Овогодинешната служба беше посветена на благодарност до сите оние кои ги поддржаа најмладите членови на општеството.
Необична фотографија: Принцот Вилијам и принцезата Кетрин ја објавија божиќната честитка


