Необична фотографија: Принцот Вилијам и принцезата Кетрин ја објавија божиќната честитка

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин ја споделија годинашната фотографија за нивната божиќна честитка.

На избраната фотографија, принцот и принцезата од Велс позираат со нивните три деца – десетгодишниот принц Џорџ, осумгодишната принцеза Шарлот и петгодишниот принц Луис. Што се однесува до модните комбинации, сите се облечени во бели кошули, принцезите се облечени во фармерки, а принцовите во црни панталони.

Фотографијата е дело на ценетиот британски фотограф Џош Шајнер.

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Невообичаена фотографија

Класичниот монохроматски портрет е невообичаен за принцот Вилијам и принцезата Кетрин. Обично, нивните божиќни фотографии се во боја и се снимени на отворено, а годинашната фотографија е црно-бела и е снимена во студио.

Минатата година, тие објавија фотографија на која принцот и принцезата ги држат за рака нивните три деца додека насмеани шетаат низ кралскиот имот во Сандрингем, Норфолк.

Членовите на британското кралско семејство беа во лежерни модни комбинации – децата беа облечени во блузи со кратки ракави и шорцеви, а Вилијам и Кетрин беа облечени во кошули и фармерки.

Лани ги фотографираше британскиот фотограф Мет Портеус.

Фото: Инстаграм/Принцот и принцезата од Велс

Божиќна честитка и од кралот

Фотографијата на новокрунисаниот британски крал Чарлс Трети и кралицата Камила во Бакингемската палата по нивното крунисување е избрана за божиќната честитка на кралската двојка, објави Бакингемската палата.

Чарлс беше крунисан за крал на 6 мај, осум месеци откако дојде на тронот, на голема церемонија во лондонската Вестминстерска опатија, со историја долга повеќе од 1.000 години. Камила, втората сопруга на Чарлс, беше крунисана за кралица.

Оваа фотографија ја направи британскиот фотограф Хуго Бурнанд.

Фото: Инстаграм/Кралското семејство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот