ФОТО+ВИДЕО | Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
А.А.
Пред
Еден градежен работник загина, а тројца се тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информираат за „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја има затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопштија од МВР.
Претходно од МВР информираа дека изутринава во 08:17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на градилиште на улица „Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници.
Од Ургентниот центар за МИА информираат дека двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, а еден е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.
Фотографија: Слободен печат / Драган Митрески
„Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница. Се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“, се вели во соопштението од Ургентниот центар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Театарската режисерка Хана Миленковска многу искрено и многу длабоко го открива процесот низ кој поминала заедно со целата авторска екипа при создавањето на претставата „Патот на Баба Јага“ во Театарот за деца и младинци во Скопје. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 „Изгубениот град“ на дното на Атлантикот може да ги крие …
Повеќе од 120 уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување 35 години независност на Македонија, беше соопштено на денешната прес-конференција. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 „Изгубениот град“ на дното на Атлантикот може да ги крие одговорите за историјата на Земјата, тврдат научниците 2 „Невидливиот“ проблем што го уништува интимниот …