ФОТО+ВИДЕО | Анастасија Ражнатовиќ искеширала 10 илјади евра за својот роденден: Цеца и Немања Гудељ конечно се сретнаа

Анастасија Ражнатовиќ, Фото: Instagram

Салати, пити, разни видови месо и тестенини, со посебна слатка трпеза на која ќе се служат колачи, се само дел од спектаклот што Анастасија Ражнатовиќ го приреди за својата роденденска прослава. Според „Курир“, 24-годишната пејчака за храна издвоила две илјади евра, а целиот роденден ќе ја чини дури десет.

Анастасија решила сама да ја финансира целата забава, а не сакала да земе ни денар од мајка си. Пијалоците ја чинеле повеќе од храната, бидејќи освен цедени сокови и коктели, на гостите им понудила скапи вина и шампањ.

За споредба, тортата чинела симболични триста евра, но многу пари биле вложени во изнајмување на локалот, украсување и музика. За да остане сè во најлуксузното издание, дури и гостите добиле подароци на овој роденден – Анастасија лично се ангажирала во секој сегмент од организацијата.

Се чини дека сè требало да биде тип-топ, бидејќи, покрај роденденката главни гости беа нејзиниот дечко Немања Гудељ и неговото семејство, кои допатувале од Шпанија.

Цеца, горда веднаш помислила во доцните часови на специфичен начин да ѝ го честита роденденот на својата ќерка, а сето тоа со поддршка од целото семејство Гудељ, на чело со Немања, кое дојде во Србија за овој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Фолк дивата објави видео од семејната вила, каде на себе и на својата ќерка си го честитала најсреќниот ден со шампањ и кутија полна со црвени рози со зборовите „Те сакам“.

Братот на Немања Гудељ, Драги на својот инстаграм-профил објави семејна фотографија на која напиша „СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА СНАЈКА“, па се чини дека шпекулациите за влезот на Анастасија во ова семејство веќе не се тајна. Насмеани и расположени сите се радуваат и наздравуваат.

Фото: Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот