ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонските одбојкари немаа решение за холандските „бомби“

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Македонската одбојкарска сениорска репрезентација денеска го претрпе вториот пораз на Европското првенство откако во Скопје со 0:3 загуби од Холандија.

Овој меч нашата селекција го играше без еден од најдобрите во својот состав, Никола Ѓоргиев, поради повреда.

Стручниот штаб предводен од Јошко Миленкоски се надева дека за утрешниот клучен дуел против Чешка од 20.00 часот на располагање ќе го има Ѓоргиев.

Победа ќе значи освојувањето на третото место во групата „Ц“ и избегнување на Италија во осминафиналето.

Еден од најискусните во тимот Владо Милев вели дека доколку играше Н. Ѓоргиев против Холандија ќе имавме и подобра игра.

– Како прво, здравјето е најважно, за да се даде максимумот. Денеска среќата не беше на наша страна. Доколку бевме комплетни, можевме да му парираме на ривалот. Холандија не е на рангот на Полска, со Ѓоргиев во составот можевме да очекуваме подобра игра, зошто да не и победа. Клучен беше нивниот сервис, сервиаа „бомби“ од 120 км на час и тешко е да се игра. Покажавме и ние добри моменти во текот на натпреварот. Што се однесува до Чешка, можеме да играме. Одиме на победа, за подобар пласман во групата и да ја избегнеме Италија во осминафиналето. Доколку биде добар нашиот сервис и прием, можеме на крајот да се радуваме. Публиката е наш „седми играч“, па ги повикуваме навивачите и во среда да дојдат да ни ја дадат потребната поддршка – изјави Милев за МТВ.

Дневните карти за Европското првенство во одбојка по цена од 500 и 750 денари се достапни ширум продажната мрежа на „МкТикетс“.

фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот