ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија вкуси како е да се игра против светска велесила во одбојката

фото: Драган Митрески/Слободен печат

Најдобрите македонски одбојкари по големите важни победи над Данска и Црна Гора, денеска за противник ја имаа Полска, една од главните кандидати за освојување на титулата на Европското првенство.

Полјаците го запишаа и третиот триумф во групата „Ц“, веќе се во осминафиналето кое за нас и натаму не е теоретски обезбедено.

Играчите на Јошко Миленкоски ќе се фокусираат на следните два меча против Холандија во вторник (17.00 часот) и Чешка в среда (20.00 часот) во обидот да се дојде до второто или третото место со цел да се избегне Италија во нокаут-фазата.

Филип Маџунков по завршувањето на дуелот со Полска кажа дека Македонија немала шанси против една од моментно најдобрите одбојкарски репрезентации на светот.

– Уживавме пред една прекрасна атмосфера од публиката. Против една ваква репрезентација, меѓу најдобрите, секогаш е уживање. Нема трема во репрезентацијата, и Полјаците се луѓе, во вториот сет бевме блиску, но не успеавме. Да, може да се игра и со нив. Немавме шанси на овој меч, Полска имаше многу добар сервис со кој правеше разлика кога сакаше. Ни беше еден момент тешко во првиот сет. Милсма дека можеме да играме против Холандија и Чешка, доколку го играме нашиот систем и верувам дека може да победиме. Тие не се ист ранг како Полска, ќе го дадеме максимумот и моите очекувања се да бидеме во елитата, меѓу најдобрите 16 во Европа – изјави Маџунков за МТВ.

фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат
фото: Драган Митрески/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот