ФОТО | Жителите на италијанско село имаат „еликсир“ за здрав и долг живот

Фото: Принтскрин/Инстаграм/visitlimonesulgarda

Италијанското село Лимоне сул Гарда е единствено во светот поради тоа што неговите жители носат ген специфичен за ова место, а кој го нарекуваат „еликсир“ на здравиот и долг живот.

Лимоне сул Гарда, питорескно рибарско село на крајбрежјето на езерото Гарда во италијанскиот регион Ломбардија, е необична дестинација со околу 1.000 жители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GardaClick (@gardaclick)


Истовремено тоа е и најсеверната точка каде лимонот природно расте и има прилично блага клима, земајќи го предвид тоа што се наоѓа речиси во подножјето на Алпите.

Можеби оваа комбинација на фактори е тоа што ги довело до тврдењето на жителите на селото дека постои таен „еликсир“ на здрав, долг живот.


Многу мештани очигледно се благословени со одличните дигестивни способности кои им овозможуваат да ги јадат сите видови храна без да се здебелат или да имаат проблеми со срцето.

Овие жители го имаат она што се нарекува „лимоне ген“ што содржи посебен протеин којшто ги уништува липидите и ја одржува крвта течна.

Веќе 40 години луѓето од Лимоне сул Гарда се под научно истражување, а селаните носители на генот се шегуваат дека биле како лабораториски глувци поради честите донации на крв за периодични тестови.

Џани Сегал, еден од жителите, вели дека овие гени „течат во неговото семејство“, пренесува „Си-ен-ен“.

Тој се присетил кога лекарите првпат му рекле да проголта зашеќерена доза шлаг на секои два часа за да му ја контролираат крвта.

„Ми вадеа крв по секое залче, беше толку слатко и мрсно што ми се слоши, но иако изедов многу моја крв веднаш ги уништи мастите без да ги асимилира. До вечерта речиси се онесвестив заради губењето крв“, раскажал тој.

Меѓутоа, иако луѓето како Сегал можеби никогаш нема да мора да се грижат за затнати вени и згрутчувања на крвта, тој вели дека води нормален живот и дека не е „никаков Супермен“.


Цезар Сиртори, професор по клиничка фармакологија на Универзитет во Милано, водел тим којшто прв го идентификувал она што жителите на Лимоне го нарекуваат „еликсир“, нарекувајќи го протеин А-1 Милано. Вели дека луѓето од Лимоне имаат исклучително ниско ниво на добар (ХДЛ) холестерол како резултат на генетската мутација внатре во протеинскиот носител.

„Да имате низок ХДЛ холестерол – со оглед на тоа што е класифициран како „добар“ холестерол – е лошо за вас и доведува до проблеми со срцето, како што се потенцијални удари, но кај ова локално население тоа има обратно позитивен ефект“, вели тој.

Интересно е тоа што оваа генетска мутација и со неа поврзаните здравствени придобивки се единствени за Лимоне и не можат да се пронајдат никаде во обиколните села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот