ФОТО | Замина уште една музичка легенда: Почина пејачот Мит Лоуф

Мит Лоуф/Instagram
Мит Лоуф/Instagram

Познатиот американски пејач Мит Лоуф почина денеска, изјавија светските медиуми. Имаше 74 години.

Неговиот албум  „Bat Out of Hell“ e еден од најпродаваните на сите времиња. Тој е познат по својот легендарен хит и љубовна балада „I’d Do Anything For Love“.

Пејачот роден под полно име Марвин Ли Адеј почина денеска, а неговото семејство се огласи во медиумите по тажниот настан:

„Знаеме колку многу ви значеше и ја цениме сета ваша љубов и поддршка додека поминуваме низ сета оваа тага поради загубата на еден инспиративен уметник и прекрасен човек“

Агентот на легендарниот пејач додае дека неговите ќерки Пери и Аманда биле цело време покрај него и се простиле со својот татко во последните 24 часа од неговиот живот.

Лоуф е најпознат по трилогијата албуми „Bat Out of Hell“. Тоа е еден од најпродаваните албуми во историјата на САД; со продажба од 14 милиони примероци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Mirror (@dailymirror)


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот