ФОТО | Венчаница и бидермаер со школки: По тридневната свадбена прослава Марија Груевска се подготвува за меден месец

Фото: Профимедиа

Пред две недели поранешната финалистка на „Ѕвездите на Гранд“ Марија Груевска се заколна на вечна љубов и го изговори судбоносното „да“ пред својот долгогодишен партнер Синиша Стојаноски.


Марија за својот најсреќен ден заблеска во венчаница во која за момент не потсети на дизниевата принцеза – Ариел. Корсетот на венчаницата беше креиран во форма на школки со многу карактеристичен дезен збогатен со бисерни монистри. Класичниот бидермаер кој вообичаено е креиран од свежо цвеќе пејачката го замени со уникатен бидермаер креиран од кристали, школки и морски ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MR makeup (@_makeup_mr_)


Марија и Синиша ја славеле својата љубов цели три дена. На свадбената прослава присуствувале околу 600 гости, а притоа се испочитувале и дел од традиционалните свадбени обичаи.

Фото: Профимедиа

Пејачката за во изјава за српските медиуми сподели дел од впечатоците по големата свадбена прослава:

„Впечатоците се уште не се комплетни бидејќи се подготвуваме за меден месец. Со сето тоа, кај нас сè уште доаѓаат гости, оние кои не успеаја на денот на свадбата, за жал. Во суштина ништо не е сменето, освен што сега сум нечија легална сопруга. Генерално, најголем впечаток ми оставија колегите и пријателите, без кои прославата немаше да биде толку совршена, но и самата свадбена декорација, бидејќи се беше на отворено и во природа. Немавме ограничувања, славевме до сабајле. Почнавме во петокот, дремнавме малку и продолживме до недела“, изјавила Марија за „Гранд онлајн“.

Фото: Профимедиа

Според обичајот, по венчавката следи меден месец, а дестинацијата за првото свадбено патување заедно ја избрале младенците.

Фото: Профимедиа

„Се договоривме прво да одиме во Грција и да ги искористиме последните денови од летото, а потоа на почетокот на септември да одиме во Германија. Сигурна сум дека ќе уживаме и дека ќе ни биде вистински одмор после нашата луда и незаборавна свадба“, открила Марија.

Фото: Профимедиа

„Огромна благодарност до сите што му бевте голема и неизмерна поддршка на овој ден. Ви благодарам што направивте да се чувствувам како да сум во бајка“, напиша пејачката објавувајќи неколку фотографии од свадбената фотосесија на која може да се забележи уникатниот бидермаер.

Фото: Профимедиа

Марија Груевска го привлече вниманието на јавноста со своите необични изведби во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, од кои највпечатлив беше кога на сцената се појави со змија околу вратот.

ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот