Џиџи Хадид - Фото: Јутјуб/Принтскрин/E! News

ФОТО | Таткото на Џиџи Хадид се посрамоти на социјалните мрежи – по грешка објави фотографии од „лажната ќерка“

Мохамед Хадид, таткото на светски познатата манекенка Џиџи Хадид, ги насмеа своите следбеници откако по грешка објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција (AI), мислејќи дека на неа е Џиџи на овогодишната Мет Гала. Гордиот татко сакал да ја сподели убавината на својата ќерка, но меѓу бројните лажни фотографии кои кружат на интернет, тој ја одбрал токму онаа создадена од вештачка интелигенција.

Лажната Џиџи Хадид – Фото: Инстаграм/МохамедХадид

Обожавателите веднаш забележале дека жената на фотографијата воопшто не наликува на Џиџи и почнаа да го преплавуваат со коментари дека е жртва на технологијата. Следбениците пишуваа дека ситуацијата ги насмеала до солзи и дека е неверојатно како вештачката интелигенција успеала да го измами дури и таткото на манекенката.

По низата добронамерни шеги, Мохамед Хадид ја отстрани објавата од својот профил.

Како всушност изгледаше вистинската Џиџи Хадид?

За разлика од АИ верзијата, вистинската Џиџи Хадид на Мет Гала се појави во храбро и впечатливо издание. Таа носеше целосно проѕирен фустан од брендот „Miu Miu“, украсен со кристали и везови од пламен и цвеќиња во златни, сребрени и црни тонови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот