Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

ФОТО | Таа е толку убава што сè ѝ стои: Марго Роби направи драстична трансформација на фризурата!

Марго Роби има нов имиџ и го претстави на ревијата на „Шанел“ на Модната недела во Париз, каде што блесна во сосема лежерно издание.

Една од најубавите холивудски актерки, Марго Роби, се одлучи за радикален потег кога станува збор за нејзиниот имиџ. Долгата руса коса на која сме навикнати ја замени со кратка, трендовска фризура, а тоа е популарната боб со шишки.

Изгледа дека дефинитивно се збогувала со долгата коса, барем засега, и дека сега ќе ја гледаме со права коса со должина до рамената. Марго ја задржала својата препознатлива руса боја со златни прамени, а ретките шишки лежерно паѓале врз нејзиното чело.

Марго Роби со новата фризура на модната ревија на „Шанел“/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Убавата актерка носелае едноставна комбинација – бела проѕирна маица со прерамки под кој се гледал градникот, а ја комбинирала со широки посветли, проѕирни фармерки, чии ногавици паѓаат преку чевлите и кои и во наредните месеци ќе владеат на модната сцена.

Во раката носела мала чанта и шал како модни додатоци, а дошла речиси без накит – само мали обетки кои биле видливи поради нејзината нова фризура. Интересно е што ноктите ѝ биле сосема природни, кратки и неналакирани.

Шминката го надополнила целото лежерно издание во кое Марго Роби повторно блеснала, а со оглед на нејзината фигура и природна убавина, ќе се согласите дека оваа фризура, како и сите претходни, совршено ѝ стои.

Марго Роби со новата фризура на модната ревија на „Шанел“/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

ФОТО | Чевлите на Марго Роби од 945 долари го урнаа интернетот: „Ова изгледа болно, тортура!“

 

ВИДЕО | „Кутар тој“: Сите го жалат сопругот на Марго Роби по нејзината изјава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот