Марго Роби во Муглер/ Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Чевлите на Марго Роби од 945 долари го урнаа интернетот: „Ова изгледа болно, тортура!“

Марго Роби повторно привлече внимание, овој пат поради своите обувки. На промоцијата на филмот „Wuthering Heights“, таа се појави во екстремно високи потпетици, што, покрај восхитувањето, предизвика лавина коментари за непријатноста и болка. Реакциите на социјалните мрежи брзо го засенија прекрасниот стајлинг.

Марго роби облечена во креација на Роберто Кавали/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Австралиската актерка Марго Роби се појавила во темно, готски инспирирано издание на Роберто Кавали на промоцијата на филмот „Wuthering Heights“.

Стајлингот е дело на њујоршкиот стилист на славни личности Ендру Мукамал, а станува збор за изглед што значително се разликува од нејзината филмска естетика – во филмот таа се појавува во едноставен, старински англиски стил, додека за промотивните појавувања избрала помрачен гламур.

Иако целиот изглед добил позитивни реакции, чевлите привлекоа најголемо внимание. Роби носела црни салонки наречени „So Kate“ од Кристијан Лубутaн, изработени од лакирана кожа, со изразито зашилен врв и потпетици високи 12 см. Моделот е познат по својот елегантен, но исклучително пребирлив дизајн, а неговата цена е 945 долари.

Марго Роби облечена во креација на Роберто Кавали и во чевли на Кристијан Лабутaн/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фотографиите што Мукамал ги објавил на Инстаграм брзо се проширија низ интернет, со коментари што непрекинато се нижат. Многумина признале дека глетката на потпетиците буквално ги боли.

„Стапалата ме болат само гледајќи го ова“, „Тука сум за да проверам дали некој друг го стресле морници поради тие чевли“ и „Испраќам молитви до нејзините нозе“ се само дел од коментарите.

Некои отишле и чекор подалеку, нарекувајќи ги чевлите „непотребна тортура“, па се запрашале зошто во денешно време сè уште се толерираат модните парчиња што сериозно ја загрозуваат удобноста.

Чевлите што предизвикаа бура на интернет/Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот