ФОТО+ВИДЕО | Свадбениот стил на Дуа Липа оддава почит на оригиналната кул невеста Бјанка на венчавката со Мик Џегер
Пејачката Дуа Липа склучи граѓански брак со актерот Калум Тарнер, додека наскоро се очекува голема свадбена прослава која, како што пишуваат британските медиуми, ќе се случи во Сицилија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двојката официјално се венча на граѓанска церемонија во лондонската општина Олд Мерилебон во неделата, 31 мај. Излегувајќи на скалите на општината под дожд од конфети, поп-ѕвездата носела костум од високата мода на „Скијапарели“ направен по нарачка, што го дизајнирал Даниел Роузбери: палто во боја на слонова коска со тесна половина и остро кроена силуета, прицврстено со персонализирани златни копчиња, и соодветно асиметрично здолниште со извајан корсет украсен со бела чипка. Таа, исто така, носела бели ракавици и чевли од Кристијан Лубутен со детали во облик на лавовски очи, блескава огрлица во облик на змија од „Булгари“ и шешир со широк обод дизајниран од Стивен Џонс, обложен со златни листови, пишува „Вог“.
View this post on Instagram

Веднаш по објавувањето на фотографиите од венчавката, сите почнаа да зборуваат за необичното модно издание на Дуа Липа на денот на венчавката – додека младоженецот носел костум, кошула и вратоврска од „Луј Витон“, Дуа Липа изгледала речиси идентично како модната икона Бјанка Џагер, која го носела незаборавниот костум од Ив Сен Лоран кога се омажила за Мик Џагер во 1971 година.
View this post on Instagram
Впечатливиот стил на Дуа Липа на венчавката потсетува на невестата Бјанка Џагер. Пред речиси 55 години, Бјанка – тогаш Бјанка Перез-Мора Масијас – се омажи за ѕвездата на групата „Ролинг стоунс“, Мик Џагер, на венчавка во Сен Тропе на 12 мај 1971 година. Припадничката на високото општество Бјанка се одлучила за кремасто палто од „Ив Сен Лоран Л смокинг“ и долго здолниште со закосен крој, во комбинација со широк шешир и превез, а стилот го надополнила со чевли со отворени прсти. Бјанка палтото го носела без блуза со едно закопчано копче. Нејзиниот изглед влезе во историјата на венчавките, пишува магазинот „Вог“.
View this post on Instagram
ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа стана глобална амбасадорка на „Булгари“
ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа стана глобална амбасадорка на „Булгари“


