ФОТО+ВИДЕО | Дуа Липа стана глобална амбасадорка на „Булгари“
По фитнес проектот и соработката во областа на негата на кожа со брендот Аугустинус Бадер, Дуа Липа доби нова модна титула и тоа сосема очекувано. Една од највлијателните поп-ѕвезди на денешницата официјално стана глобална амбасадорка на италијанската куќа „Булгари“, симбол на римскиот луксуз, раскошниот накит и безвременската елеганција, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано

Ако се погледне нејзиниот моден развој во изминатите години, ова партнерство изгледа како природно продолжение на нејзината приказна. На црвениот тепих таа често избира впечатлив накит, многупати токму со потписот на „Булгари“. Дијамантските ланчиња, впечатливите нараквици и препознатливата линија Серпенти веќе совршено се вклопија во нејзиниот гламурозен, но секогаш со доза на смелост стил. Таа знае да носи луксуз без претерување, со самодоверба што им дава дополнителна сила на модните парчиња.
Од модната куќа истакнаа дека Дуа Липа ја отелотворува современата визија за женственост, комбинирајќи креативност, слобода на изразување и глобално влијание. Токму таа комбинација била пресудна во изборот на новата амбасадорка. Во време кога луксузот не се темели само на традиција, туку и на личен идентитет, изборот на поп-икона која ги поместува границите испраќа јасна порака.
Во кратка изјава, пејачката нагласи дека ѝ значи соработката со бренд што ја слави храброста, иновативноста и силниот идентитет. Нејзината кариера последниве години бележи постојан подем, а паралелно со музичките успеси таа гради и сè посилен моден статус. Со ова партнерство, Дуа Липа влегува во ексклузивниот круг амбасадори кои го претставуваат врвот на светската луксузна индустрија.


