ФОТО: Сузана Турунџиева и Атиџе низ главниот град кај „скопските пчели“

Instagram
Фото: Instagram

Уживаме во дружењето на Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова и со задоволство ги следиме сите нивни заеднични моменти кои Сузе ги споделува на својот инстаграм – профил.

ФОТО | Атиџе и Сузана Турунџиева уживаат во возењето со моторна санка: Роденденската прослава продолжува!

Хероината од документарниот филм „Медена земја“ скоро го прослави својот 57 -ми  роденден, а благодарение на Сузана прославата траеше цели 3 дена.

Деновиве на својот инстаграм – профил Сузана повторно сподели една интересна фотографија со Атиџе.

Instagram
Instagram

Веруваме дека двете дами ги искористиле овие сончеви зимски денови за прошетка на низ главниот град каде и е направена оваа фотографија.

Атиџе и Сузана се фотографираа со „џиновски пчели“, а под објавата стои:

„Кај скопските пчели. И во Скопје има пчели, ама не прават мед и не се како тие во Бекирлија … “

Пчелите на фотографјата се скулптури кои красат еден парк во центарот на градот.

ВИДЕО | Атиџе од „Медена земја“ за првпат во 57 години ги дувна роденденските свеќи: Со Сузана Турунџиева ќе слават три дена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот