ФОТО | Атиџе и Сузана Турунџиева уживаат во возењето со моторна санка: Роденденската прослава продолжува!

Instagram
Instagram

Сузана Турунџиева вети и исполни: „Кога некој за прв пат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба, а утре продолжуваме… Ќе видите каде“.

Instagram
Instagram

Двете дами продолжија со прославување во еден ресторан во близина на Попова Шапка, што беше и причина плус Атиџе и Сузана да уживаат во зимските спортови и активности.

Се решија за малку авантура и возење со моторна санка. Веруваме дека уживале во возењето по снежната покривка.

Instagram
Instagram

Честите дружби на Атиџе Муратова и Сузана Турунџиева се секогаш забележани од јавноста. Двете дами уживаат во секое нивно заедничкото дружење, а Сузана сите тие моменти ги споделува на социјалните мрежи.

ВИДЕО | Атиџе од „Медена земја“ за првпат во 57 години ги дувна роденденските свеќи: Со Сузана Турунџиева ќе слават три дена

На денот, по повод 57-миот роденден на Атиџе, Сузана ѝ приреди интимна прослава во еден скопски локал. Атиџе ја дувна тортата со свеќички и веруваме дека желбата ќе и се исполни.

 

Instagram
Instagram

Атиџе како што напиша Сузана досега немала прилика да ги прославува родендените на овој начин, но благодарение на Турунџиева овој роденден е посебен за хероината од документарниот филм „Медена земја“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот