ВИДЕО | Атиџе од „Медена земја“ за првпат во 57 години ги дувна роденденските свеќи: Со Сузана Турунџиева ќе слават три дена

Протагонистката од хит-документарецот „Медена земја“ наполни 57 години. Она што го прави нејзиниот роденден особено значаен е фактот што Атиџе за првпат ги дувна свеќите на роденденската торта.

Прославата се одржа во скопски кафе-бар, а сето тоа го организира нејзината нова најдобра пријателка Сузана Турунџиева која и запеа на увце „Среќен роденден“ и најави дека ова е само „генерална проба“, односно дека со Атиџе ќе слават дури три дена.

ФОТО | Атиџе од „Медена земја“ со празнична фотографија: Пријателството со Турунџиева продолжува и во новата година!

„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба во Light caffe, а утре продолжуваме… Ќе видите каде.  Среќен 57ми роденден мила Атиџе!“, напиша Турунџиева во видео-објавата.

ВИДЕО: Атиџе од „Медена земја“ доби стара куќа, со помош на Сузана Турунџиева собира пари да ја опреми за живеење

Сузана Турунџиева: Кога може Атиџе, можам и јас!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот