ФОТО | Со порака на кирилица: Новак Ѓоковиќ ги честиташе божиќните празници и сподели ретки семејни фотографии
Новак Ѓоковиќ сподели ретки семејни фотографии на својот инстаграм-профил и со кириличен фонт го честиташе православниот Божиќ на милионите следбеници на Инстаграм.
Препорачано
Заедно со Јелена и нивните деца Стефан и Тара, Новак позираше пред големата новогодишна елка.
„Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша тенисерот во описот на објавата.
View this post on Instagram
Јелена и Новак се во брак повеќе од 10 години. Се запознале како тинејџери, а ги „споил“ разговорот за спорт.
„На прв поглед ме освои со нејзината насмевка. Секако, изгледот секогаш е на прво место, но љубовта бара многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бог што се запознавме пред да постигнам голем успех, бидејќи знам дека таа е со мене поради мене, поради Новак, поради детето што го запозна кога имаше 17 години“, изјави еднаш Ѓоковиќ.
Нивната врска се искомплицирала кога Јелена заминала да студира во Италија, а Новак морал повеќе да се посвети на кариерата. До дипломирањето, парот одржувал врска на далечина, а потоа заедно се преселиле во Монако. Тие се верија во 2013 година, а една година подоцна се венчаа во Свети Стефан во Црна Гора. Четири месеци подоцна Јелена го роди нивното прво дете, синот Стефан. Три години подоцна ја добија ќерката Тара.


