ФОТО | Синот на Брена го прослави 31. роденден: Го киднапираа, исчезна од сцената, а сега има и нов имиџ

Лепа Брена, Боба и синовите/Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Стефан Живоиновиќ

Стефан Живоиновиќ (31), најстариот син на пејачката Лепа Брена (62) и Боба Живоиновиќ (59), пред неколку години градеше пејачка кариера, но потоа наеднаш се повлече од јавноста пред повеќе од три години. Оттогаш ретко се појавуваше, а не беше активен ниту на социјалните мрежи.

Но, сега неговиот помлад брат Виктор објави заедничка фотографија на која Стефан целосно го променил својот имиџ.

Стефан во неделата го прослави својот 31 роденден, а на семејната фотографија позираше со малку подолга коса и брада. Тој повеќе не се занимава со музика и целосно се повлече од сцената, а ретко може да се види и на фотографии.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Стефан Живоиновиќ

– Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се занимава со музика. Со Стефан се е во совршен ред, тој сега се занимава со друга работа –  рекла тогаш за „Стори“.


Инаку, додека Стефан беше уште мал, Брена доживеа голема траума кога го киднапираа од семејната куќа на Бежанијска коса во Белград.

Киднаперите од пејачката и нејзиниот сопруг побарале откуп од два ипол милиони германски марки. Семејството никогаш не го пријави киднапирањето, ниту се дозна кој е одговорен.

ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан

ВИДЕО | Лепа Брена подготви незаборавна забава за 25-от роденден на најмладиот син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот