ВИДЕО | Лепа Брена подготви незаборавна забава за 25-от роденден на најмладиот син

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, го прослави 25-от роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Прославата се одвиваше во познат белградски локал, а Брена беше особено весела покрај својот син, кој според видеата објавени на Инстаграм запеа со својата мајка.
Покрај големиот број познати гости беше и пејачката и снаа Александра Пријовиќ и пријателката на Брена, Ана Бекута.
Гостите се засладија со чоколадна торта на три спрата.
Балканската ѕвезда нејзиниот сопруг Боба пред една година купија цел кат во луксузна кула во една од најелитните населби во Нов Белград, за што наводно платиле дури 600.000 евра во кој моментално ужива Виктор.
Најмладиот син на Брена и Боба неодамна ја објави неверојатната глетка од 40-ти кат со поглед на цел Нов Белград, со посебен акцент на зајдисонцето и реката Сава.
Виктор на својот Инстаграм објави и дел од луксузно опремениот пентхаус, дел од дневната соба во чиј ентериер може да се забележи модерен мебел и две уметнички слики од кои една е со ликот на професионалниот американски боксер Мајк Тајсон.
Очигледно, најмладиот од семејството Живојиновиќ си го уредил својот нов дом по личен вкус.
ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан