ФОТО | Синот на Лепа Брена го покажа станот од 600.000 евра

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Балканската ѕвезда Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ пред една година купиле цел кат во луксузна кула во една од најелитните населби во Нов Белград, за што наводно платиле дури 600.000 евра, а нивниот наследник Виктор за прв пат покажа делови од луксузниот стан.


Иако Брена никогаш официјално не потврди дека купила луксузен имот, Виктор сега ги потврди тие шпекулации со своите објави на Инстаграм.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Најмладиот син на Брена и Боба најпрво ја објави неверојатната глетка од 40-ти кат со поглед на цел Нов Белград, со посебен акцент на зајдисонцето и реката Сава.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Виктор фотографирал и дел од луксузно опремениот пентхаус, дел од дневната соба во чиј ентериер може да се забележи модерен мебел и две уметнички слики од кои една е со ликот на професионалниот американски боксер Мајк Тајсон. Очигледно, најмладиот од семејството Живојиновиќ си го уредил својот нов дом по личен вкус.

Прочитајте повеќе:

Најголемата трагедија во животот на Лепа Брена: Од тој ден, веќе ништо не било исто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот