Најголемата трагедија во животот на Лепа Брена: Од тој ден, веќе ништо не било исто

Лепа Брена и нејзините синови - Стефан и Виктор / Фото: Инстаграм/Лепа Брена/Стефан Живојиновиќ

Лепа Брена беше на врвот на регионалната музичка естрада во 2000 година. Нејзиниот гардеробер беше полн со брендирани парчиња облека, нејзините албуми се продаваа во милионски тиражи, имаше армија од обожаватели, се продаваа кукли со нејзиниот лик и, најважно од сѐ, имаше сопруг кој неизмерно ја сака и поддржува.

И еден ден ѝ се сруши сѐ. Таа и нејзиниот сопруг Слободан Живојиновиќ добија порака од која се заледува крвта, пишува „Стил“.

„Господине и госпоѓо Живојиновиќ, вашиот син Стефан е со нас. Ќе се однесуваме хумано со него, сѐ додека и вие сте коректни со нас. Нема да му фали влакно од главата“, гласела првата порака на киднаперите кои го киднапираа нивниот постар син, Стефан.

Кога била млада, некоја гатачка ѝ предвидела дека ќе доживее поголема популарност и од онаа на Јосип Броз Тито. Тогаш, младата Фахрета Јахиќ (вистинското име на Лепа Брена) не можела ни да претпостави дека тоа предвидување ќе стане вистина, но и дека поради нејзината популарност ќе стане мета на криминалци.

По таа порака, веќе ништо не било исто. Во нивниот семеен дом се случил апсолутен крах – завладеала неизвесност и тага. Тие внимателно ги очекувале сите насоки од страна на киднаперите, со цел што побргу нивниот син да се врати дома.


Цели пет дена, Брена и Боба не знаеле ништо за нивниот син. И тогаш пристигнала втората порака.

„Ни јавија дека можеме да го откупиме на два начина. Жив за два и пол милиони тогашни германски марки или мртов за 5 милиони. Ни рекоа дека доколку ја прифатиме втората можност, тие ќе ни го испраќаат Стефан дел по дел“, изјави неодамна Брена за „24 часа“.


Ги предупредиле да не ја известуваат полицијата и да ги соберат парите за два дена. Им нагласиле да не го одложуваат плаќањето. Им се заканиле дека за секој задоцнет ден, на раката на Стефан ќе има по еден прст помалку, а ако не одговорат за десет дена – момчето ќе биде мртво.

Тие не губеле многу време, веднаш ги собрале парите и си го зеле Стефан жив и здрав.


На Брена сè уште не ѝ е јасно како до ден-денес не е откриено кој им го создал најлошиот кошмар во животот.

„Сите киднапирања беа откриени, но не беше откриено кој му го направи тоа на моето дете. После тоа веќе од ништо не се плашам. Се разбира, денес имам обезбедување, тоа се професионални луѓе кои не се гледаат, но тие точно знаат што треба да прават“, рече таа.

Брена не сакала да зборува за тоа на кој начин ѝ го вратиле синот, но оваа ужасна ситуација оставила голема трага врз нивните животи.

ФОТО | Лепа Брена одговори на критиките за новогодишниот фустан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот