ФОТО | Се враќа еден од омилените ликови од „Sex and the City“, обожавателите се пресреќни

Сцени од втората сезона на „And Just Like That“ / Фото: Инстаграм/„And Just Like That“

„Ејџ-би-о“ ги објави првите фотографии од снимањето на втората сезона на серијата „And Just Like That“, која е продолжение на легендарната серија „Sex and The City“, објави „Варајети“.

Имено, според фотографиите, актерот Џон Корбег ќе ја репризира улогата на Ејден Шо, еден од љубовните партнери на главниот лик Кери Бредшо, која, пак, ја толкува актерката Сара Џесика Паркер.

На објавените фотографии, Ејден и Кери се шетаат по улиците во Њујорк, држејќи се за раце, поради што може да се претпостави дека поранешните љубовници ќе ја обноват својата романса во оваа сезона од серијата.


Ејден Шо како лик првпат се појави во третата сезона на „Sex and The City“, како дизајнер на мебел и новото момче на Кери Бредшо. Според обожавателите на оваа приказна, тој е најдобриот партнер којшто Кери го имала во целата серија. Сепак, нивната врска завршува така што Кери му го крши срцето и се решава за Ѕверката, лик кој го глумеше актерот Крис Нот.

Серијата „And Just Like That“ ги следи животите на главните хероини Кери, Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) и нивните предизвици и пријателства во шестата деценија од животот.

Повеќе на темата:

Сара Џесика Паркер ја најави втората сезона од продолжението на серијата „Сексот и градот“

Расте ефектот „Сексот и градот“: Oблеката од оваа серија отсекогаш имала скриена порака

Голем рез… на Мр. Биг: Последната сцена на Крис Нот елиминирана од епизодата во „And Just Like That“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот