Голем рез… на Мр. Биг: Последната сцена на Крис Нот елиминирана од епизодата во „And Just Like That“

кери бредшо мр.биг
Фото: Принтскрин / Instagram

Голем рез… или рез на „Big“, од претстојната епизода финале на новата серија „And Just Like That“ поради наводните обвинувања за сексуални напади од страна на Крис Нот.

Ликот на Крис Нот, „Mr. Big“ се појави во првата епизода на продолжението на „Сексот и градот“, но иако требаше да ја повтори својата улога и во финалето, „And Just Like That“ беше донесена одлука од страна на режисерите да ја отстранат сцената од епизодата во која тој се појавува.

Непосредно по излегувањето на првите епизоди од обновената серија, актерот Нот беше неофицијално обвинет за силување и сексуален напад од страна на неколку жени во само неколку недели. И покрај обвинувањата низ медиумите, официјални обвиненија не беа повлечени, но режисерите на серијата сепак ги третираа како дотолку сериозни што ги отстранија веќе снимените кадри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @memoirs_of_an_imperfect_angel1

Спојлер

Во епизодата од серијата која како финале треба да излезе на 3 февруари 2022 година, Кери патува во Париз за да ја расфрли пепелта на Биг од мостот „Pont des Arts“. Откако ќе ја расфрли, Биг очигледно ѝ се појавува на Кери во нејзината имагинација и сеќавања. Сцената беше забележана и од самото снимање со фотографии од сцената на Сара Џесика Паркер со сега посрамотениот актер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by popteller (@popteller)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот