ФОТО | Сара Џесика Паркер доби престижна награда, но сите погледи беа вперени кон нејзиниот син
Сара Џесика Паркер имаше вечер што долго ќе ја памети – и тоа опкружена со најблиските. Познатата актерка во вторникот, на настанот „Златна вечер“ (Golden Eve), ја прими почесната награда „Керол Барнет“ (Carol Burnett Award) за исклучителен придонес во телевизијата. На црвениот тепих најголема поддршка ѝ беа сопругот Метју Бродерик и нивниот 23-годишен син Џејмс Вилки Бродерик, кој ретко се појавува во јавноста.
Препорачано

Семејството заедно позираше пред фотографите, а Паркер буквално блескаше во светкава фустан-креација без прерамки, потпишана од Паоло Себастијан. Комбинацијата ја надополни со кратко црно сако, елегантни бисери и дијаманти.
Бродерик и Џејмс не заостануваа – двајцата се појавија во беспрекорни црни смокинзи, а вниманието го привлече и дискретниот бел цвет на реверот, симбол на елеганција и поддршка. Еден од најемотивните моменти се случи токму пред камерите: Џејмс ја бакна мајка си во образ, а таа не ja криеше својот гордa насмевка.
Паркер и Бродерик се во брак од 1997 година. Покрај Џејмс, тие се родители и на близначките Табита Хоџ и Мерион Лорет Елвел, родени во 2009 година.
Во пресрет на церемонијата, Паркер во интервју за „Ин Стајл“ (InStyle) изјави дека поради ова признание се чувствува „одлично“, но дека целата своја кариера ја доживува како спој од напорна работа и среќа.
„Имав среќа што успеав сè да вклопам и да изградам кариера за себе. Тоа беше мојата најголема желба“, рече таа.
Таа додаде дека никогаш не се преправала дека не работела напорно – напротив, признала дека била посветена до граница на опсесија. Сепак, нагласи дека многумина вложуваат ист труд, а не ја добиваат истата можност.
„Мислам дека добив многу повеќе отколку што некогаш се осмелив да посакам“, заклучи актерката.
На прославата се појавија и нејзините колеги од култната серија „Сексот и градот“ (Sex and the City), со кои таа глуми и во продолжението „И туку така…“ (And Just Like That…). Поддршка ѝ дадоа Кристин Дејвис, како и Еван Хендлер и Дејвид Ајгенберг, на публиката познати како Хари и Стив.
Дејвис откри и еден моден совет што Паркер со години ѝ го повторувала – совет што би можел да им користи на многумина:
„Нејзиното златно правило е да се облекувате токму онака како што сакате и да не се грижите за трендовите, модните хирови или за тоа што другите зборуваат за вашата облека.“


