ФОТО | Салма Хаек гордо ја покажа седата коса на црвениот тепих
Актерката Салма Хаек (59) објави фотографии од доделувањето на наградите Breakthrough во Лос Анџелес на социјалните мрежи, каде што привлече внимание со елегантно издание и фризура во која беа видливи сиви прамени.
Препорачано
На свеченоста косата ја носела крената во структурирана пунџа, при што сребрените тонови јасно се истакнувале на нејзината темнокафеава коса. Фризурата ја нагласила природната боја на косата наместо да ја прикрие. Хаек носела црн фустан со цветни детали и дискретни светки.
Од накит таа избрала големи дијамантски обетки, прстен и белегзија, а шминката ѝ била во топли неутрални тонови со суптилен гламурозен ефект. Целината била заокружена со мат кармин во пригушена розова нијанса.
View this post on Instagram
На црвениот тепих ѝ се придружи сопругот Франсоа-Анри Пино во класичен црн смокинг. На социјалните мрежи следеле бројни позитивни реакции за нејзиниот природен изглед.
– Подобро изгледам со здрава коса, дури и ако е седа – претходно изјавила Хаек за списанието „Алур“.
View this post on Instagram
Салма Хаек многумина ја сметаат за една од најубавите актерки во светот. Во една пригода зборувала за тоа како не можела да добие никакви улоги во комедии на почетокот на кариерата бидејќи во холивудските кругови била поим за сексапил и „не ѝ било дозволено да биде смешна“.
– Целиот живот сакав да глумам во комедии, а луѓето не ми дозволија. Ми велеа: „Ти си секси, па не можеш да бидеш и смешна“. Не само што не смееше да бидеш паметен, туку не требаше да бидеш ниту духовит во деведесеттите години – изјавила Хаек во интервјуто за магазинот „Џеј Кју“.
ФОТО | Салма Хаек ги покажа бујните гради во жолто бикини, но се пошегува и на своја сметка
ФОТО | Го украде целото внимание: Салма Хаек ги истакна бујните облини во тесен проѕирен фустан


