ФОТО | Принцот Хари и Меган Маркл се на голема мака: Скапиот имот е во околина што „труе“ на скапани органи!

Принцот Хари и Меган Маркл/Инстаграм
Принцот Хари и Меган Маркл/Инстаграм

Раскошниот имот на принцот Хари и Меган Маркл во Санта Барбара кој вреди 13 милиони евра, сепак не е највеселото место за живот, како што изгледаше на почетокот. По информациите за непријатниот мирис кој се шири од засолништето за птици, војводата и војвотката се најдоа на мака.

Засолништето „Аndree Clark“ e мочуриште со солена вода што зафаќа површина од 42 хектари и е едно од најголемите засолништа за диви животни во Санта Барбара, каде се појавува лоша миризба поради долготрајната стагнација на вода.

Извештаите велат дека смрдеата ја преплавила областа во Монтесито, каде има куќи од многу други познати ѕвезди, како Опра Винфри, Елен Деџенерис, Орландо Блум и Кејти Пери.

Еден од локалните жители изјави дека смрдеата е ужасна и многу од станарите ги затвораат прозорците кога ќе дувне малку ветер.

„Мириса на скапани внатрешни органи, што долго стоеле на сонце. Ова ми прави грчеви во стомакот“, изјави таа.

Властите велат дека лошата миризба може да трае до есен, кога се можни подобрувања.

„Тоа се случува кога има застој на водата подолго време. Вакви миризби се појавуваат повремено, а некогаш ситуацијата станува полоша“, изјавил Камерон Бенсон, менаџер за чиста вода во Санта Барбара.

Ова не е првпат Хари и Меган да се соочат со вакви проблеми кога станува збор за домувањето. Во нивна непосредна близина има и легална фабрика за канабис во Санта Барбара. Нивната вила е близу до огромни стакленици со марихуана растенија. Досега локалните жители реагирале со поплака за непријатните мириси, принудувајќи ја компанијата да инсталира системи за контрола на мирисот.

„Смрдеата стануваше сè посилна. Возев по патот и почувствував ужасен мирис. Не беше како да сум напушен, но секако не би го сакале тоа кога возите со 70 километри на час“, изјави Грегори Гандруд за „Mirror“. „Морав да го запрам автомобилот. Поради мирисот, веќе не можев да размислувам трезвено. Многу луѓе овде страдаат поради тоа“, додал тој.

Хари и Меган првпат ја купија куќата во јуни 2020, откако најавија дека ќе ја напуштат кралската функција. Во огромната вила има библиотека, канцеларија, спа со одвоени мокра и сува сауна, вежбалница, играчница, театар, вински подрум и гаража за пет автомобили.

куќата на принцот Хари и Меган Маркл/Принтскрин/Јутуб
Куќата на принцот Хари и Меган Маркл/ Фото: Принтскрин/Јутуб
Куќата на принцот Хари и Меган Маркл/ Фото: Принтскрин/Јутуб

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот