Том Фелтон и Даниел Редклиф - Фото: Инстаграм/t22felton

ФОТО | Пријателство кое не бледее: Средбата на ѕвездите од „Хари Потер“ на Бродвеј ја воодушеви публиката

Актерите Том Фелтон и Даниел Редклиф беа заедно на Бродвеј, 24 години по премиерата на првиот филм од франшизата за волшебникот Хари Потер. Фелтон (38), кој го играше негативецот Драко Малфој во сите осум филмови, на Инстаграм сподели фотографии на кои го гушка Редклиф (36) по изведбата на претставата „Every Brilliant Thing“.

Том Фелтон и Даниел Редклиф – Фото: Инстаграм/t22felton

Фелтон за „Пипл“ изјави дека Редклиф го поддржувал додека тој дебитирал на Бродвеј:

„Мојот стар школски пријател, Потер, Редклиф, доста настапуваше на Бродвеј и ми помагаше со сите тешкотии. Фановите се навистина љубезни и возбудени, и едноставно сум воодушевен што сум дел од тоа“.

Том Фелтон и Даниел Редклиф – Фото: Инстаграм/t22felton

Редклиф, кој го играше насловниот лик во сите осум филмови од 2001 до 2011 година, дебитирал на Бродвеј во 2008 со обновената верзија на „Еквиус“, а потоа настапуваше во „Како да успеете во бизнисот без навистина да се трудите“ (2011), и многу други.

Том Фелтон и Даниел Редклиф – Фото: Инстаграм/t22felton

Во 2023 година настапи во обновената верзија на мјузиклот „Весело се тркаламе напред“ со Џонатан Гроф и Линдзи Мендез, за што доби награда Тони за најдобар актер во мјузиклот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот