ФОТО | По гаснењето на нејзината видеоигра, Ким Кардашијан се враќа на голема врата и тоа во Фортнајт!
На радост на милиони обожаватели ширум светот, Ким Кардашијан ќе се појави како лик во популарната видеоигра Фортнајт, пишува британски „Мирор“.
Препорачано
Инфлуенсерката и бизнисменка Ким Кардашијан (45) на платформата Икс објави серија промотивни видеа, откривајќи го својот изглед во играта и различните комбинации на облека и фризури, т.н. „скинови“, кои играчите ќе можат да ги користат од 13 декември.
View this post on Instagram
Соработката беше најавена и на официјалниот Инстаграм на Фортнајт, каде во трејлерот се гледа Ким како влегува во разни улоги, додека нараторскиот глас вели: „Ким Кардашијан е мајка, претприемач, модна икона, ТВ-ѕвезда, а сега ја освојува и играта Фортнајт“.
Ова е нејзина прва соработка со некоја голема видеоигра, следејќи ги стапките на други славни личности кои претходно се појавија во Фортнајт, меѓу кои пејачките Сабрина Карпентер и Аријана Гранде, како и раперот Еминем.
Ким претходно се појави и во нејзината игра „Ким Кардашијан: Холивуд“ (Kim Kardashian: Hollywood), која беше изгасена во 2024 година, по една деценија од нејзиното лансирање.
Ким Кардашијан откри зошто го сменила името пред 18 години: „Беше толку чудно“
Ким Кардашијан низ солзи: Канје ме обвини дека сум го измислила грабежот во Париз


