Фото: EPA-EFE/RINGO CHIU

Ким Кардашијан низ солзи: Канје ме обвини дека сум го измислила грабежот во Париз

Ким Кардашијан повторно ги преживеа траумите од грабежот во 2016 година, откривајќи во најновата епизода на серијата „The Kardashians“ дека нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест ја обвинил дека целиот напад е измислен. Речиси една деценија по шокантниот настан, Ким повторно се врати во Париз за да сведочи на судењето против десетмина обвинети за разбојништвото, пишува „Дејли мејл“.

Во искрената и емотивна исповед, Ким објаснуваше колку ја повредиле зборовите на Канје:

„Мојот поранешен сопруг ми рече: ‘Го измисли грабежот за потребите на шоуто’ – и тоа го кажа пред сите,“ раскажа таа низ солзи.
„Тоа беше нож во срце. Помислата дека некој толку близок не ти верува, дека не ја разбира тежината на тоа што ти се случило… тоа ме уништи. Помислив – ти навистина не ме познаваш.“

Грабежот што го шокираше светот

Во октомври 2016 година, за време на Париската недела на модата, Ким беше врзана и ограбена во хотелски апартман. Напаѓачите однесоа накит вреден над 10 милиони долари. Во тоа време, Ким и Канје беа во брак, а тој ја дознал веста за време на настап во Њујорк, и веднаш го прекинал концертот поради „итна семејна ситуација“.

Судски епилог по речиси една деценија

Сега, по години одложувања, Ким конечно се соочи со напаѓачите:

„Конечно можев да одам на судот, да ги погледнам тие луѓе, да ги чујам нивните сведочења и извинувања. Сакав да им кажам – гледате ли, тоа навистина се случи. Среќна сум што конечно заврши,“ рече таа.

Осудени осуммина од обвинетите

Францускиот суд прогласи осум лица за виновни за организирањето и извршувањето на грабежот, додека двајца беа ослободени. Еден обвинет беше целосно ослободен од обвиненијата за планирање и учество, а друг доби пресуда за поседување оружје, но тој прекршок не беше директно поврзан со нападот на Кардашијан.

Така, случајот кој години наназад ја шокираше јавноста конечно доби судски епилог – а Ким Кардашијан може барем малку да го затвори тоа болно поглавје од својот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот