ФОТО: Огнен прстен на небото, првата ваква еклипса во 2021 година
Помрачување на Сонцето се случува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата, со што прави сенка на Земјата. Така целосно или половично ја блокира сончевата светлина во некои предели.
За време на прстенестата еклипса, Месечината е доволно далеку од Земјата и таа делува како да е помала од Сонцето на небото. Бидејќи Месечината не го блокира целосно Сонцето, изгледа како да има темен круг врз поголем, светол круг. Ваквата форма прави илузија на „огнен прстен“ околу месечината.
View this post on Instagram
Овој атрономски настан во северната хемисфера беше највидлив за луѓето во Канада, Гренланд и северна Русија, а на други делови од земјата „огнениот прстен“ не беше видлив, туку само се забележуваше половично затемнување на Сонцето. Помрачувањето се случува кога Сонцето, Месечината и Земјата не се точно порамнети.
Ова е првата од двете еклипси кои ќе се случат оваа година.
Еклипсата почна во Канада, северно од Големите Езера, ја помина североисточно државата кон Арктичкиот Океан, па сврти од Северниот Пол и беше очекувана да заврши со североисточниот дел на Сибир.