Ноне Неделковска - Фото: Инстаграм

ФОТО | Облечена во униформа, Ноне Неделковска покажа како се подготвува за „бурата“ на отворено море

Пејачката Ноне Неделковска, која јавноста ја запозна како една од највпечатливите учеснички во втората сезона на музичкото шоу „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, повторно го привлече вниманието на своите следбеници, овојпат со фотографија од нејзиниот живот на море.

Ноне, која неодамна го прослави својот 39-ти роденден, со години успешно гради поинаква кариера од онаа на музичката сцена. Таа работи на крузери и постојано патува низ светот, споделувајќи дел од своите авантури со фановите на социјалните мрежи.

На својата инстаграм-приказна таа објави фотографија облечена во униформа како дел од екипажот на бродот. Насмеана и во работна атмосфера, Ноне кратко напиша:

„Пред бурата“, алудирајќи на предизвиците што ги носи животот на отворено море.

Ноне Неделковска – Фото: Инстаграм

Иако музиката ѝ донесе популарност и второ место во „Музички идол“, Ноне очигледно ужива во динамичниот живот што ѝ го нуди работата на брод. Нејзините објави редовно предизвикуваат позитивни реакции, а многумина ѝ порачуваат дека изгледа среќно и исполнето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот