ФОТО | Новинарка од Украина со саркастична порака: Ви благодарам господине Путин…

софија кочмар
Софија Кочмар / Фото: Принтскрин / Твитер

Последните неколку дена целиот свет испраќа молитви до народот кој го живее теророт на ужасната војна која беснее во Украина. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од угнетуваната татковина на илјадници луѓе кои мораат да ги напушат своите домови…

ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?

Статусот на украинската новинарка Софија Кочмар вознемири многу луѓе. Кочмар во описот на фотографијата на која ја држи за рака нејзината ќерка и носи торби со основни работи испрати саркастична благодарност до рускиот претседател Владимир Путин.

„Ви благодарам господине Путин, што толку многу ми го променивте животот што од професионален новинар станав бегалец од најголемата земја во Европа“, напиша таа.

По руските воени напади, многу Украинци се упатуваат кон западните и јужните граници на земјата оставајќи го зад себе својот дом и сè што стекнале досега, со една и единствена цел – да најдат безбедност. Многумина сè уште чекаат да ги преминат границите, плашејќи се дека во секој момент може да се донесе одлука за затворање на границите…

ФОТО | Оваа жена е најголемата поддршка на украинскиот претседател: Олена Зеленска, првата дама ги охрабри сите Украинци

ФОТО | Чудото на Киев: Првата надеж од Украина, во засолниште се роди бебенце

ФОТО | „Подалеку од нас“: Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија

ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина

ФОТО | Поранешната Мис Украина со пушка в раце повикува на одбрана на земјата

 

Овие холивудски ѕвезди се по потекло од Украина, некои пораснале таму

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот