ФОТО | Оваа жена е најголемата поддршка на украинскиот претседател: Олена Зеленска, првата дама ги охрабри сите Украинци

Олена Зеленска/Колаж
Олена Зеленска/Колаж

Претседателот на Украина и прекрасната Олена Зеленска се во брак од 2003 година, имаат две деца, а тој не штеди на убави зборови и романтика кога станува збор за неговата сакана.

Во мигов кога Украина е под удар на воените трупи на Русија, таа му е најголема поддршка на сопругот, но и на својот народ, испраќајќи им пораки за смирување и охрабрување.
Која е всушност, Олена Зеленска, првата дама на Украина?

Олена Зеленска е архитектка и писателка, родена во 1978 година. Нејзин сопруг е претседателот на Украина Владимир Зеленски, а со тоа таа е официјално Прва дама на Украина.

Во декември 2019-та година Зеленска се најде и на листата на 100 најмоќни Украинци, на магазинот Focus.

Вчера таа на својот инстаграм –  профил сподели емотивна објава за охрабрување на Украинците, кои периодов ги живеат најтешките денови, поради нападот од Русија. Со слика од украинското знаме, таа порача:

“Мои драги луѓе! Украинци! Ве гледам сите денес. На телевизија, на улиците, на интернет. Ги гледам вашите објави и видеа. И знаете што? Вие сте неверојатни.
Горда сум што живеам во иста земја со вас. Велат дека многу луѓе е толпа. Но, тоа не важи за нас. Затоа што многу Украинци не се толпа. Тие се армија!

И денес нема да бидам испаничена и во солзи. Ќе бидам смирена и самоуверена. Моите деца гледаат во мене. Ќе бидам веднаш до нив. Ќе бидам веднаш до мојот сопруг. И до вас.
Ве сакам! Ја сакам Украина!“

Олена и Владимир Зеленски биле во врска 8 години пред да се венчаат во 2003 година. Парот има две деца, во 2004 година им се родила ќерката, а во 2013 синот.

На 6-ти февруари претседателот на Украина ја покажа својата романтична страна и по повод роденденот на неговата сакана објави фотографија од неа и во описот напиша:

„На мојата љубов денес ѝ е роденден“ и дополни со низа зборови полни емоции за неа во облик на песна, за тоа колку ја сака, какво разбирање имаат еден за друг и како не може да си го замисли животот без неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот