Овие холивудски ѕвезди се по потекло од Украина, некои пораснале таму

украина
Холивудски ѕвезди по потекло од Украина / Фото: EPA-EFE

Украина е земја со богата уметничка и културна традиција од која денес потекнуваат многу познати уметници, музичари и актери. Овие пет познати филмски ѕвезди или се родени во Украина или имаат украинско потекло и не кријат дека се горди на своите корени и одржуваат блиски врски со земјата на своите предци.

Мила Кунис

Пред да се оствари како актерка, Мила Кунис првата половина од своето детство ја поминала во Украина, во градот Черновци. Во тоа време Украина сè уште беше дел од Советскиот Сојуз, а семејството на познатата актерка мигрирало во САД поради антисемитизмот. По доаѓањето во Америка, Мила Кунис се запишала во второ одделение во основно училиште без да знае ни збор англиски. За што побрзо да го совлада јазикот, нејзината мајка ја запишала на часови по глума, што подоцна се исплатело.

Мила Јовович

мила јовович
Мила Јовович / Фото: Profimedia

Мила Јовович е родена во Киев, а првите неколку години ги поминала во Украина и во Москва, родниот град на нејзината мајка. Откако се преселиле во САД, нејзините родители се вработиле како чистачка и домар во куќата на познатиот режисер Брајан ДеПалма. Актерката е многу горда на своите корени, снимила обработки на неколку украински народни песни, а за време на протестите во Киев во 2014 година, собраше донации за локални добротворни цели.

Вера Фармига

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Farmiga (@verafarmiga)

Иако е родена во САД, актерката Вера Ферига пораснала во украинската заедница во Њу Џерси, а англиски научила дури на шест години. Ѕвездата израснала во православно семејство и учела во украинско училиште. Сите нејзини воннаставни активности биле поврзани со украинската заедница, а како тинејџерка играла украински народни танци.

Кетрин Виник

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katheryn Winnick (@katherynwinnick)

Кетрин Виник е најпозната по улогата на Лагерта во серијата „Викинзи“. Иако со сините очи и русокосиот изглед потсетува на Скандинавка, сепак, таа е по потекло од Украина, а нејзините родители се преселиле во Канада пред таа да се роди. Виник силно се залага за правото на Украинците на самоопределување, а на својот инстаграм-профил напиша: „Ние сме мирна држава. Не заслужуваме војна“.

Леонард Нимој

Актерот Леонард Нимој израснал во еврејската заедница во Бостон, а до неговата смрт во 2015 година читал и зборувал јидиш. Неговото семејство ја напуштило Украина на почетокот на дваесеттиот век поради антисемитизам. Актерот тврдеше дека токму тоа тешко искуство на неговите предци му помогнало толку убедливо да го отелотвори Спок во серијата „Ѕвездени патеки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот